Председателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Белград нема никаква врска со инцидентот на северот на Косово, каде што беше оштетен каналот Ибар – Лепенец, и рече дека тоа го знае и Приштина.
„Зошто да се оправдувам, да трчам по светските медиуми, да им се извинувам за нешто што не сум го направил, ако тие веќе ќе го толкуваат како што сакаат. Затоа, секогаш полека, на крајот, сите работи ќе дојдат на своето место. Само е важно да работите, да се борите и да верувате во себе, како и да поставувате висока граница, истакна Вучиќ.
На северот на Косово, во општина Зубин Поток, вчера попладне одекна силна експлозија во која бил оштетен каналот Ибар – Лепенец, кој снабдува со вода повеќе градови, како и Косовската енергетска корпорација за ладење на термоелектраните.