Вучиќ ги повика Србите во Кососво да гласаат за Српска листа

127

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика Србите во Косово на изборите на 6 октомври да гласаат во што е можно поголем број за кандидатите на Српска листа, изјавувајќи дека од сите српски политички партии во Косово, само таа работи „заедно со Белград и централна Србија“.

Вучиќ за Радио-Телевизија Србија кажа дека Српската листа доживува вистински политички терор и прогон, „организиран од органите на таканаречената држава, поддржан од дел од меѓународната заедница.“

Тој посочи дека постојат две можни опции за масовно манипулирање со изборите во Косово – кражба по пошта и писма или преку невалидни гласачки ливчиња за да се добијат лажни гласови за Србите, додавајќи дека странците воделе кампања против Српската листа затоа што им пречи фактот што таа се повикува на Белград. -Тие сакаат да го исклучат Белград, тие сакаат само послушни Срби, управувани од странци и Албанци, рече Вучиќ.

Српскиот претседател оцени дека гласањето за Српската листа е „единствениот начин да останеме поврзани“ и дека „сè друго е само раскинување на врските“ и на можноста за поддршка од Белград.

-Србите можат да гласаат за кого сакаат, но јас ги замолувам тоа да биде Српска листа, затоа што само таа работи заедно со Белград. Излезете на изборите колку што е можно повеќе, да гласате за својот опстанок на огништата, за српските плати во училиштата, болниците … Сето ова ќе ни биде укинато ако не се слушне гласот на Српската листа, оцени претседателот на Србија.