Вучевиќ соиграч на Дончиќ

47

Екипата на Далас сезонава најверојатно ќе извиси во трката за плејофот, но сопственикот  Марк Кјубан напорно работи на создавање на тим околу Лука Дончиќ што од наредната година дефинитивно би обезбедил место во доигрувањето за шампионскиот трофеј.

Веќе се стартувани преговорите со Порзингис за летонскиот ас уште долго да остане во Далас, а како што стојат работите нему и на Дончиќ ќе им се придружи уште еден европски кошаркар.

Станува збор за Никола Вучевиќ, Ол – стар кошаркарот од Орландо, чиј договор истекува на крајот од сезонава и кој ќе ги промени клупските бои во текот на летото. Црногорецот игра извонредна сезона и има просек од 20 поени и 12 скокови по натпревар, но Орландо планира „ремонт“ на тимот и веќе е најавено дека нема да му го продолжи актуелниот договор.