Втор пораз за Еурофарм Работник во ЕХФ купот

63

Ракометарите на Еурофарм Работник притиснати од императивот победа и со недоволно меѓународно искуство, вечерва во Битола се поразени од унгарска Татабања со 31:21 полувреме 14:11.

Во текот на целиот натпревар гостите доминираа на теренот, рамномерно ја распоредија енергијата и скоро сите играчи постигнаа по 4-5 голови. Најефикасен гостински играч беше Денис Григораш со шест погодоци. Единствена светла точка во домашни тим беше украинскиот интернационалец Остроушко со девет голови.

Пред околу 4.000 илјади гледачи судиите од Грција, Константинос и Михалидис одлично го водеа натпреварот и во 36.минута оправдано на Маркоски му покажаа црвен картон поради неспортско однесување.

Ова е втор пораз во групата во исто толку натпревари. Во следното (3.коло) в сабота битолчани гостуваат во Хрватска кај Нексе од Нашице.