Втор за само неколку дена: Силен земјотрес ја погоди Италија

1324

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди денеска северна Италија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од седум километри, на 53 километри североисточно од Верона, додава EMSC на својата веб-страница.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.