Во второто коло на Европскиот клупски куп во шах, македонскиот шампион Алкалоид ја победи Раика Рапид Фефениц од Австрија со 4,5:1,5.
По три часа игра резултатот беше нерешен, со три реми на прва, втора и четврта табла: кај Андреикин, Шанкланд и Криворучко. Потоа, со сигурна игра и победа Владислав Ковалев донесе водство за Алкалоид. Следеа цели поени за Панчевски и Инаркиев за конечен триумф со три поени разлика.
По одиграни две кола, 16 екипи (од вкупно 66 клуба кои учествуваат) имаат максимални четири бода. Во третото коло, „фармацевтите“ за противник ја имаат екипата на Медни Всадник од Русија, минатогодишниот шампион.