Време е за средување облека: Едноставни правила за организиран и уредeн гардеробер

208

Постојат многу начини да го искористиме времето што го поминуваме дома и да ги направиме сите оние работи за кои досега немавме време, со оглед на тоа што поради вирусот седиме повеќе дома. Една од нив е сезонско распакување гардероби. Практичната организација ќе ви олесни да се подготвите за одење на работа подоцна, а многумина од вас најверојатно ќе најдат парчиња за кои целосно заборавиле и кои ќе сакаат да ги носат оваа сезона.

Ослободете се од непотребните парчиња

Пред да започнете со организација, најважно е убаво да го исчистите гардероберот. Извадете ги сите работи од плакарот и исчистете ја внатрешноста со благ детергент за да можете да ја вратите облеката во миризливите и чисти полици. Потоа следува најтешкиот дел – да одлучите кои парчиња да ги задржите и од кои да се ослободите. Најдобро е облеката да ја поделите во три групи – онаа што ја носите, онаа што веќе не е во мода и онаа за која не сте сигурни дали да ја чувате или да ја давате. Токму оваа трета група ќе ви одземе најмногу време. Пробајте ги сите работи за кои не сте сигурни дали сепак ви требаат и поставете си две прашања: дали ви стојат добро и дали се трендовски или класични парчиња? Одговарајќи на овие прашања, ќе знаете кој е следниот чекор.

Подгответе закачалки и кутии

Сега кога го исчистивте плакарот и одлучивте која облека да ја чувате, а од која да се откажете, на ред е да си ја организирате гардеробата. За почеток, треба да обезбедите доволен број закачалки и кутии за да вашата гардеробер стане прегледен. Наредете ги сите летни работи во кутии и ставете ги на дното од плакарот така што есенските и зимските парчиња да ви бидат на дофат на раката.

 

Паметно организирајте го гардероберот

Одделете посебни места во гардероберот за фустани, маици, кошули, јакни, блејзери, панталони, фармерки, џемпери, здолништа… Распоредете јакни, фустани, блејзери, панталони, здолништа и кошули по боја и закачете ги на закачалки, а остатокот од гардеробата наредете ги уредно на полиците да има добар преглед. Одвојте посебно место за накит и други додатоци, како што се чанти или шалови. За да го направите вашиот гардаробер компактна целина, проверете дали парчињата што ги носите заедно, како што се панталони и кошули, се поставени едни до други за да имате подобар преглед на можните комбинации. Ова ќе ви заштеди многу време следниот пат кога ќе се подготвите да излезете. Подготви: М.А.