Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре поради завршно асфалтирање на улицата „Бихаќка“, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од сообраќајницата, и тоа на потегот од улицата „Востаничка“ до влезната капија на МВР.
Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.
Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ја почитуваат поставената сигнализација, како и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.