Времен режим на сообраќај во центарот на Скопје

101

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, поради активности по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.

Од 8 часот па до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потег од крстосница со булевар „Гоце Делчев“ до крстосница со улица „11 Октомври“, во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 8 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, булевар „Партизански одреди“, до улица „Ѓорче Петров“, па од улица „Ѓорче Петров“ до улица „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, улица „Козле“, дел од улица „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од униформираните полициски службеници.