Вредна е: среде жешкото лето, Северина договори настап за Нова година, за жешки 400 илјади евра!

497

Додека нацијата е презафатена во ова тропско време со тоа каде, на кое море или езеро да се спаси од горештините, други некои мудро си ги планираат активностите за есен и за зима. Станува збор за мегапопуларната хрватска пејачка, Северина Вучковиќ.

Таа веќе се договори за свој голем концерт за пречекот на новата 2025 година, во Сараево. Пејачката сè уште добро изгледа, умее да ги забавува луѓето, да им направи вистинско шоу, по сè изгледа новогодишно. Се зборува дека за тоа, за таа магија, од “Дедо Мраз“ ќе добие мрсен хонорар. Неверојатни 400.000 евра, од сараевските организатори.                                                                                                      Досега, тоа е најголемиот хонорар што воопшто е исплатен на некој од пејачите за новогодишната ноќ. Со таа цифра не можат да се пофалат ниту Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Горан Бреговиќ… Никој од најпопуларните. Ете, само Северина знае да „извлече“ пари!

Четиристотини илјади евра се пари што таа, секако чесно, (ќе) ги заработи.

Како дел од договорот со Северина, предвидено е да се пренесува на телевизија, воедно и концертот на Сараевската филхармонија во Народниот театар, преку ЛЕД-екран, пред Вечниот пламен, во периодот од 19:30 до 21:00 часот. Деталите за другите изведувачи и нивните хонорари не се наведени во договорот. Најважно од сè е дека Северина ќе ги забавува сарајлии на најлудата ноќ. А, искрено кажано, таа знае да забавува, да провоцира од сцената, знае да направи фантастична атмосфера.

Тоа го доживеавме и ние овде, во Македонија, на концертот што го приреди таа пред неколку месеци, во Скопје.

Ваквата храбра одлука на градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, да ја ангажира Северина за огромно богатство, наиде на ужасен револт кај сараевчани, кои се против „фрлање“ толку многу пари за настапот на Северина.                                     – Што ќе ни е Северина кога таа бара еден куп пари? Подобро нека си остане дома, во Сплит. Нашата сараевска мајка, градоначалничката, да поднесе образложение, да објасни од каде ги наоѓа парите за забавата, наместо да најде пари за лекови, за сиромашните сограѓани, за старите и болни сарајлии – коментираат, деновиве, граѓаните на босанската метропола.

Д.М.