Под слоганот „Садиме денес за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, на 4 и на 5 декември организираше две активности во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и во Охрид насадија дрвја во Општина Илинден и во Општина Охрид.
Триесет и пет дрвја од видот чинар вчера му беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија. Тие беа насадени покрај Охридското Езеро од волонтери – вработени на Охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица. Исто така, ТАВ Македонија ѝ донираше 30 дрвја од видот црвена слива на Општина Илинден, кои беа насадени од волонтери – вработени на Скопскиот аеродром, во близина на средното училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и спортскиот комплекс во Општината
Со цел унапредување на одржливоста и на корпоративната општествена одговорност и прославување на Меѓународниот ден на волонтерството, 5 декември, ТАВ Македонија, операторот на двата македонски аеродрома и подружница на ТАВ Аеродроми, организираше активности за садење дрвја во заедниците каде што работи – Општина Илинден и Општина Охрид.
Под слоганот „Садиме денес за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, на 4 и на 5 декември организираше две активности во кои волонтери – вработени на аеродромите во Скопје и во Охрид насадија дрвја во Општина Илинден и во Општина Охрид, како проактивен потег со цел да го зголемат своето зелено влијание, како дополнување кон напорите за одржливост, и да го прослават Меѓународниот ден на волонтерството, 5 Декември.
Триесет и пет дрвја од видот чинар денеска му беа донирани на Град Охрид од ТАВ Македонија. Тие беа насадени покрај Охридското Езеро од волонтери – вработени на Охридскиот аеродром, со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица.
Исто така, ТАВ Македонија ѝ донираше 30 дрвја од видот црвена слива на Општина Илинден, кои беа насадени од волонтери – вработени на Скопскиот аеродром, во близина на средното училиште „Илинден“, градинката „Гоце Делчев“ и спортскиот комплекс во Општината.
– Неизмерно сме горди на посветеноста и на ентузијазмот покажани од нашите вработени. Практичната активност не само што има позитивно влијание врз животната средина и локалните заедници туку и помогна да се поттикнат тимскиот дух и заедничкото чувство за цел. Оваа иницијатива е моќен потсетник дека секоја акција, без разлика колку е мала, може да придонесе за поголема, позитивна промена. ТАВ Аеродроми е посветена на создавањето одржливи решенија и среќни сме што ќе може да го следиме влијанието на овие новонасадени дрвја – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
ТАВ Македонија ги организираше и ги спроведе еколошките и волонтерски активности за садење дрвја со поддршка од општините Илинден и Охрид и нивните градоначалници – Александар Георгиевски и Кирил Пецаков. Јавните комунални претпријатија „Илинден“ и „Охридски комуналец“ помогнаа со подготовка на почвата и на теренот за садење дрвја.
Со овие две еколошки и волонтерски активности, организирани за да додадат вредност на локалните заедници каде што се наоѓаат аеродромите – во Скопје и во Охрид, ТАВ Македонија уште еднаш ја потврди својата посветеност на зелените донации предводени од волонтерите од редовите на својот персонал. Иницијативите за одржливост на ТАВ Аеродроми ќе продолжат, како и посветеноста на групацијата да обезбеди идните генерации да наследат поздрава, поодржлива планета.