Вработените во ЗОО парк – Штип не го даваат Теди, се сомневаат во трговија

316

НВработените во штипскиот ЗОО парк не даваат мечето Теди да оди на ресоцијализација во резерват во Швајцарија или Бугарија, бидејќи се сомневаат дека некој сака да тргува со ова затворено животно. Велат дека мечето се навикнало на децата, кои од цела источна Македонија постојано доаѓаат да го видат, веќе им станало милениче.

– Ако причините се условите нека кажат што треба да се направи, ние ќе го направиме. Не е точно дека мечето живее во простор два на два, туку тоа има две поголеми простории. Ако е потребно ќе се направи и друго посоодветно живеалиште. Наместо да се направат напори да се обезбеди негов другар, тие ќе го носат Теди – реагираат вработените во ЗОО паркот во Штип.

Пред неколку дена, портпаролката на скопската Зоолошка градинка, Тина Мицковска, објави на „Фејсбук“ дека успеала да стапи во контакт со организацијата на заштита на животните „Четири шепи“ и фондацијата „Брижит Бардо“, кои откако виделе во какви услови живее Теди, се понудиле да помогнат мечето да замине на ресоцијализација во Швајцарија или Бугарија.

– Овие истите ме колнеа што ги спасив ноевите од агонија. Давале, не давале треба да сфатат дека тоа е за негово добро. Теди не е играчка. Овие истите со солзи ги молев да го излечат хималајскиот тар со тешко повредена нога и не одговараа на моите пораки и повици. Тарот уште шета така веќе 8 месеци. Теди е со повредена шепа и повреди по цело тело од жиците од кафезот – вели Мицковска.

Теди од 2017 година е во штипскиот ЗОО парк и е донација од доктор Јовица Угриновски.

Белата лавицата Бела е новата жителка на скопската Зоолошка

Белата лавица Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови, од Ходенхаген, Германија, пристигна во Зоолошката градина во Скопје. Директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски, истакна дека ова е првпат во Скопје, но и во нашата држава да има бели лавови, а додаде и дека планираат да донесат и бели тигри, како и други бели животни кои се мошне ретки.

– Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на ЗОО Скопје – изјави Галетановски.

За неколку дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција, со кого заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби

Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

(С.Бл.)