Вработена во приватна фирма пријава дека била нападната од колега на работното место

44

На 16.10.2024 во 20.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.Л.(55) од село Петровец, скопско, пријавила дека околу 12.20 часот на работното место во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот колега Б.„Н“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.