Во Јужна Африка се уапсени три лица за масакр на 18 нивни роднини

13
Фото: EPA-EFE/KIM LUDBROOK

По организирана потера, јужноафриканската полиција уапси три лица поврзани со масакрот на 18 нивни роднини во оддалечена област, соопшти денеска полицијата.

Полицискиот министер Сензо Мчуну ја потврди веста за апсењето за време на комеморацијата посветена на жртвите од масакрот во Лусикисики и додаде дека наскоро ќе биде објавено дека е уапсен четвртиот осомничен, јави Би-би-си.

Жртвите биле на возраст меѓу 14 и 64 години, објави локалниот весник Диспеч Лајв.

Мчуну рече дека полицијата се уште се обидува да го утврди мотивот за убиството.

Масакрот се случи кога вооружени напаѓачи отворија оган врз две куќи и убија 15 жени и тројца мажи, а убиствата предизвикаа шокови низ Јужна Африка.

Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот, покажуваат најновите податоци на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, пренесува Танјуг.ави Европа повторно голема, здрава, безбедна, богата и слободна“, напиша