Во Јабланица, регионот во БиХ најмногу погоден од поплавите, прогласена тридневна жалост

23

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за денови на жалост за трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, јавува Ал Џезира Балканс.

Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните институции основани од општина Јабланица.

Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.

Досега на подрачјето на Јабланица и Коњиќ се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага.