Во Ѓорче Петров се краде струја од улично осветлување

59

Зачестени кражби на струја од системот за улично осветлување има во општина Ѓорче Петров.

Оттаму апелираат до дивите приклучувачи да не го прават тоа бидејќи им настануваат дефекти на мрежата и цели линии на светилки престануваат да светат, сторителите можат да бидат казнети до 5 години затвор, како и парични казни од 5.000 до 20.000 евра.