Во Ѓорче Петров, одбележан Денот на словенечката потица

48

Во Културниот центар „Ѓорче Петров“, во неделата, се одржа Денот на словенечка потица, настан кој ги обедини жителите на Ѓорче Петров со членовите на Словенечката заедница и кој му беше целосно посветен на славењето на традицијата и на културата на Словенија.

Местото беше исполнето со мирисот на традиционалната словенечка потица, која беше
приготвена од нашите сограѓани, заедно со Словенечката заедница.

– Словенечката потица е многу повеќе од само печиво, таа е симбол на нашите заеднички вредности и сплотеноста што ја имаме. Ѓорче Петров секогаш било и ќе остане место каде што се поздравуваат и се негуваат културите, а оваа соработка ја потврдува нашата посветеност на меѓународните соработка и пријателство – изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

На настанот присуствуваа и амбасадорот на Република Словенија – Грегор Прескер, заменик- амбасадорката – Ника Ротар и конзулот Мартин Глазар.