Во Шведска уште 23 жртви на Ковид-19, 784 новозаразени

81

Шведскиот институт за јавно здравје соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 23 лица, а регистрирани се 784 нови случаи на заразени со коронавирусот.

На интензивна нега има 155 лица.

Од почетокот на епидемијата во Шведска починале 5.333 лица, а регистрирани се вкупно 68.451 заразени.