Во просториите на Францускиот институт во Скопје, утревечер (24 јануари), во 18 часот, ќе биде отворена изложбата на фотографии “Париски перспективи“ на македонскиот уметник Роберт Јанкулоски.
Отворањето на изложбата ќе биде проследено со предавањето “Старата фотографија како инспирација во моите дела“, за време на кое Јанкулоски, директор на Македонскиот центар за фотографија и еминентен познавач на делото на браќата Манаки, ќе направи ретроспектива на неговото дело и ќе говори за старата фотографија како инспирација во неговата работа.
Изложбата ќе биде отворена до 19 февруари во излогот и во просториите на Францускиот институт во Скопје.