Во Франција е уапсена француско-холандска криминална банда: Кревале во воздух банкомати – украле стотици милиони евра

54

Француската полиција уапси француско-холандска криминална банда која ја ограбувала Европа во Стразбур. Според француските медиуми, станува збор за група од 13 мажи кои наводно украле стотици илјади евра.

ТВ BFM објави дека бандата била уапсена во петокот наутро кога нејзините членови се вратиле од грабеж на банкомат во Германија.

Француската телевизија јавува дека осомничените се на возраст меѓу 25 и 30 години. Полицијата ја следеше групата неколку месеци, објави NL Times.

Според францускиот весник „Паризиен“, бандата оперирала околу 12 пати во Германија и најмалку пет пати во Швајцарија пред да ги префрли своите операции во Франција. Во јули два банкомати беа кренати во воздух во Стразбур и околината.

Полицијата ги поврза нападите на банкоматите со начинот на дејствување на бандата, при што сторителите секој пат по грабежите брзо се оддалечуваа. Се вели дека најголемиот дел од пленот е од Германија, каде што 13 осомничени кревале во воздух најмногу банкомати. Тоа е затоа што банкоматите чуваат големи суми, бидејќи готовината сè уште е главниот начин на плаќање во Германија.

Благодарение на заедничката истрага на француската, германската и швајцарската полиција, уапсена е озлогласена меѓународна банда, пишува холандскиот портал.

Членовите на бандата најдоцна во вторник ќе бидат изведени пред судија во Нанси.