Во “Тинејџерски камп“ во една од главните улоги и омилениот српски актер Милан Калиниќ

393

Завчера вечер, поточно на 15 декември на фрекфенцијата на Македонската Тв, стартуваше новата македонска тв серија насловена како „Тин(ејџерски) камп“. Всушност тоа е второто продолжение од серијата која постигна голем успех, не само кај тинејџерите, туку и кај севкупната домашна (но и странска) публика.

Пред премиерата, во Скопје се оддржа и прес-конференција на која присутните новинари ја имаа можност премиерно да ја погледнат првата епизода од ТВ серијалот, воедно да присуствуваат на мини концерт на кој ги слушнаа легендарните хитови од новата сезона.

-Главните херои од серијалот по повеќе од 30 години ги препеаа хитовите на Дарио и Миг 21 „Косоока“, Оливер Мандиќ „Смејем се, а плакао би“, Екатерина Велика „Пар година за нас“, Каролина Гочева „Хипокрит“, Срѓан Џул „Кокета“, Тамара Тодевска „1003“, Кире Митрев „Фрка“, со што новите генерации ќе имаат можност да ги слушаат препеаните хитови во нови модерни аранжмани.

Во оваа втората сезона на „Тин-камп“ во главните улоги се појавуваат веќе познатите и омилени тинејџерски ѕвезди: Филип Поповски, Миха Гигов, Марија Јанчевска, Далиа Стоименова, Марин Стојановски, Дарија Врачевиќ, како и познатите актери, меѓу другите и: Петар Мирчевски, Сара Климоска, Тамара Ристоска….

Тука е и многу добро познатиот и омилениот српски актер Милан Калиниќ во улога на еден од професорите во кампот.                                                                                  ТВ-серијалот „Тинејџерски кам“ е забавно-музички серијал кој ќе обработува теми соодветни за тинејџерите.

Во втората сезона на „Тин-камп“, неколку деца, таленти во музика и танцување се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници на музички камп. Сите учесници се дојдени со иста цел: преку натпревар да ја освојат главната награда, овој пат натпреварувајќи се против друг музички камп. Поради привлечноста на наградата, а и самото реноме на кампот, во Крушево се собираат деца од целиот Балкан, со што кампот станува интернационален.  Оваа сезона кампот е повторно стациониран во Крушево, но учениците имаа можност да го посетат и градот Охрид. Тинејџерите од серијалот ја запознаа сета магија која ја носат овие македонски градови, како што се: историјата, природната убавина, авантурите и неверојатната енергија.

Во 10-те епизоди, кои ќе бидат на програмата секоја сабота, учесниците на кампот ќе доживеат неповторливо искуство, учејќи нови животни лекции за првата љубов, но и за разочарување, љубомора, првото пијанство. Ќе научат и за односот со родителите,за  емотивната состојба на младите, здравјето, внатрешниот мир, семејството, пријателите, малите задоволства, желбата да помогнете некому. Заклучокот на крајот е дека пријателите се темелите на нашиот живот. Тие ги прават нашите животи побогати и исполнети. Времето поминато со пријателите, семејството и со саканите е најважниот момент во животот. Серијата „Тин камп“ е ко-продукција на „Рифенштал“ и МРТВ.

Автор на серијата, сценарист и продуцент е Цаци Паковска. Режијата е на Марко Ѓоковиќ, а директор на фотографија е Драган Паковски.                                      Музиката е на Лука Ѓоргиевски.