EPA-EFE/ABIR SULTAN

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, престојува во еден од најлуксузните хотели во Тел Авив и добива совршен третман. Во Израел, тој доби апартман од 89 квадратни метри, со огромен панорамски балкон со поглед кон морето и кон стариот град Јафа, пишува „Ynetnews“.

На овој начин, организаторите сакале да му се оддолжат на српскиот ас за доаѓањето на турнирот со послаб рејтинг, а, според израелските медиуми, цената на овој апартман е околу 2.200 евра за ноќ.

Според израелските медиуми, Ѓоковиќ имал барања поврзани со храната и со пијалаците што ги консумира, па затоа подготвиле пијалаци од бадем без додаден шеќер, масло од авокадо, урми, леб без глутен, кељ, спанаќ, непечени јаткасти плодови, кокосова вода, нане и разни свежи овошје и зеленчук.

Се открива дека нарачал веге-бургер, киноа, супа, зеленчук на пареа, свеж зеленчук, пица без глутен и десерт без шеќер.

Ѓоковиќ веќе го одигра првиот натпревар на турнирот во Тел Авив и убедливо славеше над Пабло Андухар (6:0, 6:3). Втор предизвик за него ќе биде Васек Посписил од Канада, кој со 2:0 го победи домашниот тенисер Лешем.