Во тек се подготовките за претставата „Кредит“ во велешкиот театар

39

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се подготовките за nрвата годинашна премиера на претставата „Кредит“, по текст на Жорби Галсеран, во режија на Ненад Витанов, а сценографија на Филип Коруновски.

Како што појасни за МИА режисерот Витанов, станува збор за дуодрама, направена во жанрот на комедија во која се претставени згоди и незгоди при земање на кредит од банка.

Во претставата ќе настапуваат актерите Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски.

Премиерата за претставата планирано е да се изведе кон средината на февруари.