Во тек е состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваат и пратеници

42

Во седиштето на ВМРО – ДПМНЕ во тек е состанок на Извршниот комитет, на кој, според извори од партијата, присуствува и пратеничката група, но не се прецизира дали се дојдени сите пратеници. На состанокот се расправа за уставните измени со кои се менува името на државата.

Според информации од ВМРО-ДПМНЕ, се вршеле жестоки притисоци од страна на власта и на премиерот Зоран Заев за обезбедување дво-третинско мнозинство за изгласување на уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ е со став дека Заев, по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните, сака да го смени името на државата.

Во меѓувреме, во Собранието на Македонија, продолжението на седницата за уставните амандмани е повторно презакажано, овој пат за 15 часот.

Пред парламентот се одржува протест на мала група граѓани против промената на името.