Во Струга, Охрид и Дебар почувствуван земјотрес што ја погоди Албанија

358

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран на територијата на Албанија. Земјотресот е почувствуван во охридско-струшкиот и дебарскиот регион.

Земјотресот со магинтуда од 3,8 степени по рихтеровата скала се случил во 14:50 часот на длабочина од 10 километри со епицентар во Видас, на 10 километри од Елбасан и 31 километар од Тирана, а е почувствуван и во Драч.

Нема информации за евентуална причинета материјална штета.