„Објектот ‘Шар’, лоциран во Старата скопска чаршија, е срушен до темел, а во моментов на негово место никнува нов објект, без соодветно означена информација, којашто задолжително треба да се истакне на самата градежна парцела!“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги повикуваат сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор, имајќи предвид дека овој објект е во сопственост на Република Македонија и споменик на културата под заштита!?