Во Србија секој ден умираат 140 луѓе поради срцеви заболувања

63

Болестите на срцето и крвните садови сè уште се една од водечките причини за смрт во Србија.

Во просек од овој вид на болест дневно умираат повеќе од 140 граѓани на Србија, покажуваат податоците на српскиот Институт за јавно здравје „Батут“, кои укажуваат дека се уште нема доволно грижа на граѓаните за сопственото здравје.

Секоја година во Србија повеќе од 50.000 луѓе умираат од срцеви заболувања, што ја става во групата земји со висок ризик кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања.

Годинава, на 29 септември, ширум светот се одбележува Светскиот ден на срцето под слоганот „Користи го срцето за акција“ со фокус на глобалната иницијатива за приоритет на превенцијата, рано откривање и лекување на кардиоваскуларните заболувања.

Како што најави една од водечките светски фармацевтски компании, Тева-Актавис, тие ќе поддржат активности насочени кон информирање на пошироката јавност со цел да се намали негативното влијание на кардиоваскуларните заболувања врз пациентите и здравствениот систем, но и ќе обезбедат клучни терапии за сите пациенти на кои им се потребни.

„Клучната задача е да им се овозможи на што е можно повеќе пациенти во Србија пристап до терапии кои можат значително да ги подобрат резултатите од нивниот третман, да им овозможат да живеат подолго и поквалитетно“, вели директорот на Актавис-Тева за Србија и Црна Гора Соња Катанец.

Во моментов, повеќе од 49 милиони луѓе во Европа страдаат од кардиоваскуларни болести (КВБ), а секоја година се поставуваат нови 11 милиони нови дијагнози.