Во Србија има помалку бебиња отколку за време на балканските и Првата и Втората светска војна

68

Српскиот демограф Горан Пенев денеска изјави дека не може да има зголемување на фертилитетот (бројот на родени) доколку младите и брачните парови немаат сигурна работа и ако живеат во земја во која за основните човекови права мора да се борат на улица.

Коментирајќи го фактот дека минатата година во Србија (без Косово и Метохија) се родени само 60.813 бебиња, Пенев за агенцијата Бета изјави дека ова е најмал број живородени деца од 1900 година.

„Во последните 10-15 години бројот на живородени деца постојано се намалува. Минатата година се родиле помалку бебиња од кога било од 1900 година. Родени се помалку отколку и за време на Првата и Втората балканска војна, Првата и Втората светска војна, или во периодот на пандемијата со Ковид 19“, рече Пенев.

Според него, намалувањето на бројот на живородени деца е вообичаен тренд поради ниските репродуктивни стапки и зголемувањето на возраста на населението во репродуктивна возраст.

„Покрај ниските репродуктивни стандарди, на падот на бројот на живородени деца влијае и миграцијата, односно заминувањето на младите од Србија. Проблемот со падот на плодноста е долгорочна тенденција и не може да се поправи така што државата ќе издвојува некој денар за раѓање на прво, второ, трето или четврто дете“, вели демографот.

Доколку раѓањето на деца се зголеми со финансиски средства, додаде тој, тогаш високоразвиените земји немаше да го имаат овој проблем.