Во Солун свечено отворено новото метро во близина на кое се наоѓа археолошки музеј

478

Во Солун, Грција денеска свечено беше отворено новото метро во непосредна близина на археолошки локалитет од византиската и римската ера, а пред да влезат во возот патниците ќе поминат низ подземен музеј со археолошки артефакти, што е уникатен случај во светот.

За време на изградбата на подземната железница, која започна во 2006 година, работниците открија, меѓу другото, пазар од византиската ера и римски гробишта.

Тие откритија го запреа напредокот во изградбата на подземната железница и покренаа прашања како да се продолжи со изградбата и да се зачува богатото археолошко наследство, а решението беше пронајдено во спојот на модерното и минатото – пред да се качат во возот, патниците уживаат во набљудувањето на археолошки откритија, објави Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ