Парламентот во Словенија ги изгласа измените на Законот за зачувување на јавниот ред и мир, со кои се забранува величање или истакнување симболи поврзани со нацизмот и фашизмот. Со измените се пропишани казни од 500 до 1.000 евра.
-Забраната се однесува на држави, организации и групи, односно знамиња, обележја, песни, униформи, дури и однесување што би сугерирало глорификација на нацизмот и фашизмот, а меѓу забранетите се и четниците и усташите, јавија словенечките мдиуми.
Законот го предложија парламентарните клубови Свобода, СД и Левица, а во него се наведува дека забраната за величање на нацизмот и фашизмот е регулирана во повеќето демократски земји.