Во Скопје 48 санкции за брзо возење

38

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје изречена е вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.