Во Скопје ќе се одржи Европската конференција за млади инженери

149

Клубот на млади инженери при Инженерската институција на Македонија, од 5 до 8 октомври, по вторпат ќе биде домаќин на Европската конференција за млади инженери #EYESKOPJE2023, на која ќе присуствуваат млади инженери од Македонија и од сите европски земји.

Трите дена ќе бидат исполнети со панел-сесии и работилници преку кои успешни лидери, менаџери, како и експерти од инженерската индустрија во земјава, ќе ги споделат своите согледувања и перспективи за предизвиците, трендовите и можностите со кои се соочуваат индустриите и општество во целост. Ќе бидат организирани и презентации и посети на компании во Скопје и во околината, што ќе помогне за дополнителна размена на идеи, градење нови релации и деловни можности.

Европската конференција за млади инженери ќе се одржи по 51. пат, односно по втор пат во Скопје и им дава можност на домашните компании да учествуваат на конференцијата и да се вклучат со презентирање на сопствените компании и визии за примена на иновативните инженерски решенија и зголемување на придобивките од тоа.