Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, на територија на град Скопје казни вкупно 177 возачи, меѓу кои за возење над дозволената брзина 63, за возење без возачка дозвола 15 и седум за непрописно престројување.
Од МВР информираат дека се изречени и осум санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас и 41 санкција за непрописно паркирани возила.
Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови