Во Скопскиот Регион се раѓаат најмногу луѓе, но и најмногу умираат

85

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија, во градските подрачја живородени се 10.866 деца или 60,1 % од вкупниот број на живородени деца, додека 7.207 или 39,9 % се живородени деца во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот Регион со 39,6 %, а најмало Источниот Регион со 6,6 %.

Во градските подрачја умреле 14.354 лица или 63,9 %, а во селските подрачја умреле 8.105 или 36.1 %. Најголемо учество во однос на вкупниот број умрени лица по региони има Скопскиот со 31 %, а најмало Североисточниот Регион со 7,7 %.

Во градските подрачја умреле 34 доенчиња, додека во селските подрачја 24.

Природниот прираст кај населението е негативен и во градските подрачја е минус 3.488 лица, а во селските подрачја  минус 898 лица. Статистиката покажува дека 6.975 или 51,1 % од склучените бракови се во градските подрачја, а 5.907 или 45,9 % во селските подрачја.

– Во градските подрачја имало 1.005 разводи, односно 62,3 %, додека во селските подрачја 608 разводи, односно 37,7 % од вкупниот број разводи. Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37,9 % имаат преселбите од село во град, наспроти меѓуградските преселби со 9,4 %. Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град најголемо учество има Источниот Регион со 49 %, додека во Полошкиот Регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 54,4 % –покажуваат податоците на ДЗС.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот Регион – 1.450 лица, а најмало во Југозападниот Регион – 172 лица.