Во селото се само тие двајца, ама каде и да се сретнат носат маска и одржуваат растојание

149

Двајца жители во селце во Италија настојуваат на носење заштитни маски заради Ковид-19, иако се единствените лица кои живеат таму.

Џовани Карили и Џампјеро Нобили, двајца пензионери кои живеат во Нортоше, носат маски секој пат кога ќе се сретнат и настојуваат на почитувањето растојане од еден метар, и покрај фактот што немаат соседи и што ретко го напуштаат местото во кое што живеат.

Селото Нортоше се наоѓа во округот Перуџа во покраината Умбрија, на надморска височина од 900 метри, што го прави тешко пристапно место.

Меѓутоа, и покрај ваквата положба, Џовани Карили (82) И Џампјеро Нобили (74) не сметаат дека се заштитени од ковид-19, кој однесе речиси 37.000 животи во Италија.

Карили за Си-Ен-Ен изјавил дека се плаши многу да не се зарази со новиот вирус и дека нема никој кој би се грижел за него во случаи да се разболи.

„Јас сум стар, но сакам да продолжам да живеам овде и да се грижам за своите овци, виновата лоза, кошниците, овоштарникот. Да берам тартуфи и печурки. Јас уживам во животот“, изјавил Карили.

Нобили смета дека непридржувањето до пропишаните мерки од страна на кој било од нив двајца би претпостаувало непочит, и покрај исклучителните услови во кои живеат.

Тој тврди дека носењето маска и почитувањето на растојание од еден метар не е само од здравствени причини, како и дека не е во прашање нешто што може да бид оценето како добро или лошо.

„Доколку постојат правила, морате да ги почитувате за свое добро и за доброото на другите луѓе. Тоа е прашање на принцип, тврди Нобили.

Карили е роден во селото, ама поголемиот дел од животот го поминал во Рим, пред да се врати во својот дом од детството.

Иако, претежно живеат сами, тие и понатаму одат повремено во посета на своите семејства.

Извор:www.bigseventravel.com