Од денеска во САД започнува со работа новиот национален ТВ канал „Би-ен-си“ (Black News Channel), кој ќе го таргетира афроамериканското население во Америка.

Соосновач и претседател е Џеј Си Ватс, поранешен фудбалер на американски фудбал, кој играл во Канада и е поранешен републикански конгресмен.

Каналот ќе емитува вести, образовна програма и спортски настани „културно специфични за афроамериканската заедница“, се вели во објавата за новиот ТВ канал.

Ќе се прикажува на неколку кабловски мрежи на национално ниво и може да се гледа онлајн. Програмата започна да се емитува изутринава по источно американско време.

На каналот, за кој се најавува да биде прилично конзервативен, Ватс ќе води свое ток шоу.