ВО РИМЕЈКОТ НА ОСКАРОВСКАТА “ПРИКАЗНА…”: Спилберг и најде замена на Натали Вуд

75

Седумнаесетгодишната средношколка Рејчел Зеглер ќе ја игра главната улога во римејкот на оскаровскиот филм „Приказна од западната страна“ чие снимање ќе започне на лето. Познатиот режисерот Стивен Спилберг смета дека таа е добра замена за Натали Вуд, а изборот го направил меѓу 30.000 млади девојки кои се пријавиле на аудиција.

Приказната првпат е поставена како мјузикл на Бродвеј во 1957, а во 1961 беше објавен и филмот кој стана класика и доби 10 оскари. Главната женска улога ја имаше Натали Вуд, а главната машка – Ричард Бејмер.

Главната улога во преработката му припадна на Ансел Егорт кој веќе стана светски познат по неколку тинејџерски филмови.