Во Расадник ќе се гради монтажна катна гаража

1872

Проблемот со паркирањето, општина Кисела Вода ќе го решава со монтажна катна гаража.

Од општината информираа дека во населбата Расадник, која е една од најкритичните точки на територијата на Кисела Вода отпочнуваат со изградба на нова катна гаража која ќе биде со метална конструкција и на два ката, со површина од 1.500 квадратни метри.