Во пресрет на ОИ 2024:Цената на влезниците за Лувр зголемена за пет евра

233

Цената на влезниците за Лувр е зголемена за пет евра во очи на  Олимписките игри 2024 година, објавено е на сајтот на парискиот музеј.

Цената на влезниците од денеска е зголемена за речиси 30 отсто, од 17 на 22 евра.

Посетата на Лувр и понатаму е бесплатна за помлади од 18 години и за жители на Европскиот економски простор помлади од 26 години.

Како што објасни управата на музејот, поскапувањето е последица на инфлацијата и поскапувањето на струјата.

Меѓутоа, секој втор посетител има права бесплатно да ја погледне изложбата, напоменуваат од музејот.

Отворен во 1793 година, Лувр е најпосетуваниот музеј на светот. Во 2022 година неговата збирка која се протега на 86 илјади квадратни метри, ја погледнале 7,2 милиони луѓњ, што на музејот му донело 76,5 милиони евра.

Во 2023 година, бројот на посетители изнесувал 8,9 милиони, а 3,6 милиони посетители влегле во музејот бесплатно.

Париз очекува околу 15 милиони туриусти кои ќе присуствуваат на Летните олимписки игри, соопшти Министерството за туризам.

Претходно беше објавено дека цената на патувањето со париското местро ќе се удвои за време на Олимписките игри 2024 и дека ќе изнесува 4 евра, а не 2,10 како што е во моментот.

Олимписките игри во Париз ќе се одржуваат од 26 јули до 11 август, а Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.