Во посета во соседството: Јао Минг гостин на Кошаркарскиот сојуз на Србија

35

Кинеската кошаркарска легенда, Јао Минг во посета на соседството. Поранешниот играч на НБА лигашот Хјустон денеска беше гостин во Белград каде беше примен од претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Предраг Даниловиќ.

Причина за посетата и тема на разговорите, како што објавуваат српските медиуми, била потенцијалната соработка меѓу двете страни во врска со т.н. „Тренерска клиника”.

Даниловиќ и Минг посветиле внимание и на евентуални подготовки на кинеските селекции во Србија, соработка во врска со семинарите за судии, патувања на српските клубови во Кина, гостување на кинескиот национален тим во „3х3″ баскет, итн.

Двете страни се договорија за скорешно потпишување на Меморандум за долгорочна соработка, а гостите од Кина добија српски дресови со нивните имиња на позадината.