Во Портланд урнати статуите на претседателите Линколн и Рузвелт

69

Во Портланд, сојузна држава Орегон, синоќа група од околу 200 демонстранти ги урна статуите на претседателите на САД, Абрахам Линколн и Теодор Рузвелт.

Како што соопшти телевизијата Фокс њуз, двата споменика биле урнати некаде околу 21 часот по локално време, или пет часот по средноевропско време. Во текот на ноќта, исполнета со метеж и нереди, демонстрантите го искршиле влезот на Историското друштво на Орегон и стаклата на повеќе други објекти, и поставиле плакати со антирасистички пораки.

Протестот, на социјалните мрежи беше промовиран како „Ден на гневот на домородните народи“.

Во САД денеска е национален празник – Ден на Колумбо, во чест на првиот Европеец кој допловил до копното на Америка. Во многу соузни држави овој празник сега е отфрлен и заменет со Ден на домородните народи, поради што на многу места општо прифатеното мислење дека со доаѓањето на Кристофер Колумбо започнало повеќевековното насилство и истребување на домородните народи на Америка.

Полицијата настанот го оквалификува како „неред“ и ги повика луѓето да се разотидат, но интервенираше дури после еден час откако падна првата статуа, јави весникот „Орегонијан“.

Абрахам Линколн е 16-ти претседател на САД (од 1861 до 1865 година), бил убиен во атентат откако го укинал робовладетелството во САД. Рузвелт бил 26-ти претседател, владеел од 1901 до 1909 година.