Во Македонскиот народен театар деновиве започна подготовката на претставата „Замисли нов свет“ во режија на Нела Витошевиќ, која ќе биде колаж од делата на македонскиот драмски автор Горан Стефановски, а драматизацијата е на Ана Ристоска-Трпеноска.
Во претставата улогите ќе ги толкуваат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.
Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овој пат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, посочуваат од МНТ.
Фото: Кристијан Теодоров