Во пајаковата мрежа фатени 170 возила

35

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција – Скопје санкционираа 273 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 10 до 16 февруари со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 170 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 103 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани – информираат од ЈП ПОЦ.