Во “пајаковата мрежа” се фатија 106 возила

67

“Пајак” службата во средата имаше полни раце работа, Со специјално возило „пајак“ биле подигнати 106 непрописно паркирани возила. Сообраќајната полиција издала 151 мерка за непрописно паркирање. Од сообраќај биле исклучени шест технички неисправни и 13 нерегистрирани возила.

Полицијата санкционирала 58 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол и 15 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, еден возач кои поминал крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум за неправилно престројување и тројца за неправилно престигнување.

Казнети биле и еден возач за неносење зимска опрема, 24 за неносење сигурносен појас и 27 за користење мобилен телефон.