Во општина Центар падна дрво и оштети автомобил, едно дете е полесно повредено

1339
Во близина на основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје падна дрво и оштети автомобил, а градоначалникот Богдановиќ за 360 степени вели и дека едно дете е полесно повредено, бидејќи било во близина на автомобилот кога дрвото паднало.

Дрвото паднало поради исушените корени, исто како дрвото кое падна пред некој ден на улицата „Орце Николов“, информираше градоначалникот на својот Фејсбук профил.

„Екипи на ЈП Паркови и Зеленило и службите од Општина Центар го отстранија паднатото дрво кое оштети едно возило. Дрвото, како што се гледа на сликите, има зелени лисја, здраво стебло, но нарушен коренов систем поради кој што може да падне и без посилен ветер“, напиша Богдановиќ.