Меѓу 14 загинати лица во вчерашната несреќа во Нови Сад е и македонскиот државјанин Васко Саздовски (1979), дознава МИА од Министерството за надворешни работи на Србија, кое ја информирало македонската амбасада во Белград.
Полициската управа во Нови Сад вчера попладне соопшти дека се идентификувани седум жртви во трагичната несреќа при уривањето на покривот на Железничката станица во градот.
Според извештаите, нивните семејства биле информирани за ова веднаш по идентификацијата.
Полициската управа во Нови Сад веднаш по добивањето на конечните резултати од идентификацијата ќе ги извести семејствата на преостанатите седуммина загинати во овој трагичен настан“, се заклучува во соопштението.
Српските медиуми објавија список со имињата на идентификуваните жртви во вчерашната трагична несреќа на железничката станица во Нови Сад. Во соопштението на српското обвинителство во кое се наведени иницијалите на загинатите, се наоѓаат и иницијалите С.В.
Меѓу 14-те загинати лица во вчерашната несреќа во Нови Сад е и македонскиот државјанин Васко Саздовски (1979), дознава МИА од Министерството за надворешни работи на Србија, кое ја информирало македонската амбасада во Белград.