Директорот на ЕСМ-Продажба, Зоран Коњановски, вели дека ќе се продолжи со купување на струја преку јавни набавки, но ќе се купува струја и од домашната берза еден ден однапред. На домашната берза цената на струјата во септември во вечерните часови изнесува 60 eur/MWh.

– Берзанската цена е далеку пониска од производствената цена на ниво на АД ЕСМ, која за период јануари-јули 2024 година изнесува 111,16 eur/МWh, а поодделно во РЕК Битола изнесува 133,68 eur/МWh, ТЕЦ Осломеј е 234,01 eur/МWh. Производната цена на ТЕЦ „Неготино“ за 2023 година изнесуваше 170,56 eur/МWh, односно за периодот додека електраната беше во функција. Зошто тогаш да го трошиме јагленот кога е ниска цената на струјата на берзата, истакна Коњановски пред новинарите, по обиколката на рудниците за јаглен Суводол и Брод Гнеотино во четвртокот

AД ЕСМ во недостиг на јаглен купува увозна струја од снабдувачи. Огласите на ЕСМ-Продажба покажаа дека за две недели на двапати се купуваше електрична енергија за околу 4 милиони евра. Директорот на ЕСМ-Продажба, Зоран Коњановски, вели дека ќе се продолжи со купување на струја преку јавни набавки, но ќе се купува струја и од домашната берза еден ден однапред. На домашната берза цената на струјата во септември во вечерните часови изнесува 60 eur/MWh.

– Берзанската цена е далеку пониска од производствената цена на ниво на АД ЕСМ која за период јануари-јули 2024 година изнесува 111,16 eur/МWh, а поодделно во РЕК Битола изнесува 133,68 eur/МWh, ТЕЦ Осломеј е 234,01 eur/МWh. Производната цена на ТЕЦ Неготино за 2023 година изнесуваше 170,56 eur/МWh, односно за периодот додека електраната беше во функција. Зошто тогаш да го трошиме јагленот кога е ниска цената на струјата на берзата – истакна Коњановски пред новинарите по обиколката на рудниците за јаглен Суводол и Брод Гнеотино во четвртокот.

Истиот ден на Македонската државна берза за струја беше направен промет од продажба на електрична енергија вреден 305.716 евра. Производители и трговци, регистрирани учесници на пазарот за електрична енергија меѓу себе истргуваa 3.090 MWh електрична енергија по просечна цена од 100 eur/MWh, количества наменети за потрошувачите. Според податоците на берзата, највисока цена струјата постигнала за испораката за вчера од 18 до 19 часот. Цената на секој преземен MWh е 139,6 евра. Количеството што е платено по таа цена е 104,5 MWh.

Податоци од МЕПСО што се однесуваат на последната седмица во септември, говорат дека тоа што завчера се продало на берза, а се планирало да се потроши во текот на вчерашниот ден изнесува најмалку 20 отсто од целиот конзум на електрична енергија. На две набавки на електрична енергија за само 1,5 месец потрошени речиси 10 милиони евра. Првата набавка изнесуваше 35.000 MWh, додека втората e 45.600 MWh.

Увозот на струја во период на намалена потрошувачка и по високи цени, според експертските мислења, се знак дека имаме проблем со базното производство на електрична енергија од јаглен, кое треба да обезбеди струја за балансирање во периодот кога фотоволтаичните централи и ветерниците не произведуваат или имаат намалено производство. Оттука, се поставува прашањето зошто се набавува електрична енергија во период на пријатно време и намалена потрошувачка?

Коњановски објаснува дека РЕК Битола го носи најголемиот товар на енергетскиот систем и затоа и натаму останува главниот производител на струја, во услови кога хидропотенцијалот е многу намален. Двата рудника за јаглен во Суводол и Брод Гнеотино во моментов се вадат само околу 7.000 тони дневно.

– Тоа е доволно за само еден од трите блока. Тоа количество е доволно за само еден блок дневно и ќе остане само уште нешто малку за вториот блок на дневна основа. Долгорочно ќе има повеќе јаглен, но тоа би било за некоја година. Прво во Суводол треба да се започне со работа на новиот блок со јаглен што го пронајдовме и е околу еден милион тони. Таму експлоатацијата ќе започне најдоцна до 20 ноември. Во Брод Гнеотино дури сега го ставивме во функција клучниот багер, нешто што требаше да го направи претходното раководство. Тој ќе ја отстрани земјената покривка за да се открие јагленот – објасни Коњановски.

Инаку, ремонтните активности во блок 2 во РЕК Битола се завршени и тој е веќе на мрежа, додека ремонтот на ТЕ Битола 3 е завршен во согласност со планот.

– Зафатот на ТЕ Битола 1 сè уште не е ни започнат, иако според ремонтниот план тоа требаше да започне уште кон крајот на изминатата грејна сезона. Овој зафат и сега не може да започне, затоа што има тендерски постапки кои не се завршени. ТЕ Осломеј го затекнавме во конзервирана, неремонтирана состојба. Во моментов се прават завршните тестирања и пробни вклучувања на мрежа, кои би ги завршиле до средината на овој месец, по што би бил подготвен да се вклучи на мрежа, во согласност со потребите на електроенергетскиот систем – дополни Коњановски.

Во таа насока, тој најави дека новото раководство останува да соработува со истите оператори за увоз на јаглен што ги договори минатата власт, но со подобрени услови.

– Фирмите се истите што го носат увозниот јаглен. Оценивме дека во ваква ситуација со намален домашен ископ дека ќе биде голема штета да се распишува нов повик. Но, сега сулфурот во јагленот што го носат ќе биде помал од еден  процент и ќе прави помала штета на блоковите во РЕК Битола. Покрај тоа, со еден од операторите договоривме намалување на цената и 3,5 милиони евра ќе останат во компанијата – рече Коњановски.

Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени претстојната зима како „предизвикувачка“ за енергетскиот систем, но уверува дека државата е подготвена за сите сценарија. Тој нагласува дека компанијата ЕСМ работи на нормализирање на состојбите, иако се соочува со големи долгови, вклучувајќи и долг од 1,5 милијарди денари за увоз на јаглен, додека по основ на ископ на јаловина и јаглен затекнати се долгови од две милијарди денари.

– Хидрологијата е речиси на минимум, односно некаде на 24-25 проценти, а не се направени редовните ремонти на електраните. Но, уверени сме дека ќе се справиме со предизвиците – изјави Мицкоски.

Мицкоски уверува дека работењето во АД ЕСМ е нормализирано иако компанијата наследила долг од 5 милијарди денари.

(С.Бл.)