Во НБА лига не се игра кошарка

149

Предводникот на каталонскиот кошаркарски тим, екипата на Барселона, Светислав Пешиќ, во интервју за „Еврохупс“ откри што мисли за кошарката во НБА лигата и воедно ја спореди со онаа која се игра во Европа. Српскиот стручњак, кој речиси цела кариера ја мина во Европа, објасни која е разликата помеѓу европската и американската кошарка.

  • Во кошарката, доколку сакате да го промените ритамот, да играте во транзиција или во позиционен напад, тоа не го одлучувате кога сте во напад, туку во одбрана. Дури тогаш може да превземете иницијатива во нападот и да играте преку контри или контролирана офанзива. Тоа така се работи во Европа, а не како што се работи во НБА лигата – тоа не е кошарка, истакна јасно Печиќ.

Српскиот тренер ја опиша европската кошарка, поточно онаа која се игра во Евролигата, како и „најквалитетната кошарка во светот“.

  • Секоја вечер или утро кога ќе ги погледнете НБА резултатите ќе видите дека завршил мечот со 129:119, 122:120 или 120:115 и така понатаму. Сите се радуваат, сите се среќни… Најдобрата кошарка во денешницата е во Евролига, додаде Пешиќ.

Тој верува дека во НБА лигата може да се види нешто повеќе во однос на Евролигата, но знае што фали на овие простори.

  • Во Евролигата можете да видите се, Има одбрана, напад, тактика… Се шутираат тројки, се креира игра, има се. Тоа што во Европа недостасува е „продажбата“ на кошарката, како што е пример во НБА. Не знаеме доволно добро да го продадеме нашиот производ во Европа, додаде предводникот на Барса.