ВО НАЈСТРОГА ИЗОЛАЦИЈА: Откриено каде е префрлен критичарот на Путин

58

Рускиот опозициски политичар Владимир Кара-Мурза е префрлен во нова казнена колонија во областа Омск во Сибир, каде е во најстрога изолација од другите затвореници, пишува „Нова газета Европа“.

Весникот наведува дека тој и пишал на својата адвокатка Марија Ајсмонт дека бил испратен во казнена колонија во Сибир затоа што не станал навреме, што, според него, властите го протолкувале како „злонамерен прекршок“, пренесува Ројтерс.

Тој исто така тврди дека сега е сместен во специјална казнена келија, позната по руските иницијали како ЕПКТ, каде што има најстрога форма на изолација од другите затвореници.

Кара-Мурза изјави дека поентата на новата казна е „животот да не му биде сладок“.

Сопругата на Кара-Мурза, Евгенија, вчера на социјалната мрежа Х објави дека тој е префрлен од затворот во Омск, каде престојуваше од септември, но во тој момент не се знае каде се наоѓа.:

Адвокатот на Кара-Мурза, Вадим Прохоров, изјави дека друг адвокат кој вчера се обидел да го посети, рекол дека тој повеќе не е во тој затвор, пренесува Гардијан.

„Нема причина за трансферот и тоа ме прави уште повеќе да се плашам. Мојот сопруг е во рацете на истите луѓе кои двапати се обидоа да го убијат, во 2015 и 2017 година“, изјави неговата сопруга Евгенија Кара-Мурза.

„Барам од руската влада да ни даде информации за локацијата на мојот сопруг“, рече таа.

Кара-Мурза двапати го преживеа труењето, за што ги обвинува руските власти. Тој ги негираше обвиненијата и го спореди судењето со „фарса на судењата на советскиот диктатор Сталин“.

Трансферите во рускиот затворски систем се многу тајни и затворениците можат да исчезнат со недели.

Во декември поддржувачите не можеа да го најдат најпознатиот опозициски политичар Алексеј Навални, кој е осуден на 19 години. Тој повторно се појави во затворска колонија во Арктичкиот круг. Претходно се наоѓаше во Владимирската област, во централна Русија, на околу 230 километри од Москва.

По почетокот на војната во Украина, Путин го засили потиснувањето на опозицијата и замолчувањето на критичарите. Тој дури воведе закон за криминализирање на говорот што може да се толкува како клевета на руската војска