Во главниот град на Сомалија, Могадишу денеска се судрија приврзаниците и граѓаните кои се против продолжување на четиригодишниот мандат на претседателот Мухамед Абдулах.
Според очевидците спротивставените страни употребиле и огнено оружје.
По одлуката на Долниот дом на Парламентот на Сомалија мандатот на Абдулах да биде продолжен за две години и да не се одржат изборите, што беа предвидени во февруари годинава, во земјата изби криза.
Абдулах во април потпиша Закан со кој две години се продолжува неговиот мандат. На Законот се спротиставија опозицијата, западните земји и донаторите кои ја помагаат земјата.
Извор.МИА